КОШНИЧКА

MKD  0,00

Вие немате продукти во вашата кошничка.

Вкупно: MKD  0,00

02 272 00 22

 

1. Гаранција на гумите

      Почитувани клиенти, гумите купени од ЕВРОПА ГУМИ имаат една година гаранција. Гаранцијата се однесува на дефекти и аномалии кои настанале како последица на грешка во производствениот процес . Доколку се утврди таква грешка , гумите ќе бидат заменети со нови со соодветна доплата според  според степенот на износеност на рекламиранате гуми. Задолжителен услов при експлоатацијата на гумите е почитувањето на означените параметри за носивост И МАКСИМАЛНА БРЗИНА.  ДЕФЕКТИ предизвикани од неправилна употреба, недоволен притисок или ПРЕНАПУМПАНА ГУМА  КАКО И СИТЕ механички оштетувања не се признаваат за рекламации!

 

2. Дата на производство на гумите 

      Почитувани клиенти, При купување на автомобилски гуми некои корисници сметаат дека датумот на производство, обележан со DOT (Department of Transport) или TIN (Tire Information Number) има значително влијание врз животот и однесувањето на гумите: до кој степен е важно тоа? Чување на гумите подразбира гумите да бидат складирани во затворени простории, далеку од сончева светлина и при умерени температури, да се избегнува складирање на отворено, изложување на производот на влијанието на сонцето. Точно е дека гумата е "црна" и апсорбира инфрацрвени зраци и ги претвора во внатрешна топлина. Влагата, температурата и светлината се главните фактори за стареењето на гумите, затоа е од витално значење да се чуваат во затворени простории. Без разлика дали се чуваат на монтирани тркала или не, гумите треба да се чуваат во чиста просторија, подалеку од сончева светлина или вештачки извори на интензивно зрачење, топлина, озон (електрични прибор) и хидрокарбон.  Нема закони или прописи кои го третираат прашањето за стареење на гумите, но постојат препораки: Подолу ви нудиме примерок од текст на ETRTO (European Tire and Rim Technical Organization) - Европската Техничка Организација за гуми и бандажи: - "Гумите се производ со долг живот и се создадени отпорни на природното стареење на гума -" ... .Правилното одржување бара почитување на препораките на производителот на возилото и на производителот на гумите за работниот притисок, тежинскиот и брзинскиот индекс но и вршење на периодични проверки. Во отсуство на специфични препораки на производителот, се препорачува гумите за лесни и леснотоварни возила да не се користат по 10 години од датумот на производство .. "- Michelin целосно го поддржува ова мислење на ETRTO. Спроведени тестови од ETRTO компаративни тестови кои се однесуваат на безбедноста (сопирање, однесување на воден пат и снег) помеѓу ново произведената гума и произведени пред 1,2 и 3 години докажуваат дека нема разлика помеѓу однесувањето и животот на овие производи.

 

 

3. Индекс на носивост

      Индексот на носивост е нумеричка ознака која кореспондира со максималниот товар кој дадената гума може

да го носи при определена брзина и специфицирани услови на употрба дефинирани од производителот.

Меѓутоа потребно е да се знае дека сите вредности за носивост се точни за брзини до 210 Км/ч. За поголеми брзини носивоста се намалува според пропишана табела. Друга  специфичност при одбележувањето на индексот на носивост е двојната ознака ( пр. 102/100R ) која се јавува кај товарните возила со единечна или двојна монтажа на гуми, каде првиот индекс се однесува на единечна монтажа а вториот на двојна монтажа.

Во следната табела може да ги видите стандардните вредности на индексите на носивост

 

 

4. Индекс на брзина

      Брзинскиот индекс ја означува максималната брзина со која возилото може да се движи а истовремено гумата да носи товар пропишан со индексот на носивост при употреба пропишана од производителот на гумата. На некои  гуми стои ознака ZR во делот на описот на димензијата ( пр. 235/45 ZR 18) што покажува способност на гумата да вози со брзина над 240 Км/ч но точниот индекс на брзина сепак дополнително се назначува заедно со тежинскиот индекс.

 

 

 

5. Притисок на пумпање

      Препораките на производителот на возилото , треба секогаш да се следат и тие може да се најдат во упатството за употреба а понекогаш на страничниот дел од предната врата или на капачето за гориво.Најчестите проблеми кои настануваат на гумите се предизвикани токму од неправилен притисок. Тој сериозно се одразува на возните својства и на животниот век на гумата.Секогаш проверувајте и корегирајте го притисокот кога гумата е ладна.При континуирано, брзо возење по автопат притисокот во гумата зголемете го за дополнителни 0,2 до 0,3 бари. Во нашиот сервис имате можност гумите да ги напумпате и со Азот.

 

 

6. Пумпање со АЗОТ

     Главната предност на Азотот е во неговата инертност, односно помалата активност на неговите молекули во услови на зголемена температура. Со тоа гумите напумпани со азот се со поконстантен притисок , а и поради големината на самите молекули на азот , тој притисок се одржува константен подолго време од оние кои се напумпани со обичен воздух. Ваквата стабилност на притисокот  резултира со подолг животен век на гумата како и намалена потрошувачка на гориво.

 

 

7. Длабочина на нагазна површина

- НИКОГАШ не користете гуми со дебелина на шара која е помала од 2 мм. Освен тоа што не се дозволени со закон, гумите со мали шари лесно ќе се лизгаат, имаат проблеми со продолжена далечина на кочење и се повеќе подложни на пукање. Во влажни услови возилото ќе лизга на вода правејќи го кочењето и управувањето скоро невозможно. Според сите досегашни искуства а и според законските прописи , најдобро е да ги следите следниве препораки за промена на старите гуми со нови

- Летните гуми да се заменат со нови кога се со длабочина помала од 3 мм

- Зимските гуми да се заменат со нови кога се со длабочина помала од 4 мм


 

8. Останати совети за безбедно возење

- Не возете со оштетени гуми. Најчести оштетувања на гумите се, странични оштетувања кои резултираат со појава на т.н. меур , убод од страно тело врз нагазната површина на гумата или нагазување на тврд и оштар предмет. За ваков или било кој сличен проблем со гумите треба веднаш да се обратите во сервис за гуми во кој стручни лица би предложиле понатамошна реакција со цел да се одбегне дополнителна штета.

- При монтирање на гумите треба да се внимава на насоката на вртење, како и на тоа дали гумата има внатрешна и надворешна страна.

- Гумите кои се наоѓаат на погонската осовина се абат повеќе и затоа се препорачува повремена ротација со другите две гуми за да се постигне подеднакво трошење на гумите.

- исто така е многу важен сегмент во промената на гуми, бидејќи го усогласува системот, гума и фелна.

- Како последица на проблем со подвозјето , лоша предница  се јавува нерамномерна истрошеност на гумата , затоа се препорачува редовен преглед на преден трап и

- Проверете ја резервната гума, нејзиниот притисок, дали е оштетена.

- Редовно проверувајте дали навртките на фелните се добро затегнати.

- Не користете детергенти и хемикалии кои содржат бензин за чистење на вашите гуми.

- Избегнувајте возење на лоши патишта.

- Никогаш не користете половни гуми. Пукнатините на патиштата предизвикуваат стареење на гумата и оштетување на внатрешноста на гумата. Проверувајте ги гумите во специјализиран сервис за гуми.

-  Ако почувствувате дупната гума веднаш запрете и сменета ја гумата. Во спротивното може да се предизвика структурно разорување на гумата и штета .

-  Ако може да се поправи гумата тоа мора да го направи стручно лице за поправка на гуми што е можно поскоро за да се спречи влошување на структурата на гумата.

-  Треба и да се одбегнат лошите навики на возење како нагло забрзување, кочење и вртење.

 

 

9. Начин на плаќање и испорака

Почитувани ,

Најчесто поставувани прашања кое се поставуваат при купување на производи се поврзани со крајната цена која треба да се плати и начинот , односно крајниот рок на отплата на истите.

Ние во моментов Ви ги нудиме следниве варијанти.

1. Цена со максимален попуст ( црвено ), важи за плаќање во готово или со платежна картичка на било која банка.

2. Попуст од 15% од редовната цена (сиво) и одложено плаќање до 12 рати без камата за купувачи кои кои ќе платат со платежна картица на Комерцијална или Стопанска банка

3. Попуст од 15% од редовната цена (сиво) и одложено плаќање до 6 рати без камата за купувачи кои кои ќе платат со Дајнерс клуб картичка

4. Попуст од 20 % и 6 рати без камата со картици на Комерцијална банка

5. За сите горенаведени опции цената вклучува, ДДВ, монтажа и балансирање

6. Доколку е потребно организираме испорака до Вашиот дом . Услугата не се наплаќа за секоја сметка со износ над 4000 ден.