Пневматиците од серијата Ultrac Vorti на холанскиот производител Vredestein беа дел од големиот тест на германскиот авто-мото сојуз ADAC, во кој беа споредени гуми од 16 различни производители, сите со димензии 225/45/17 Y, а во конечниот пласман се најдоа во самиот врв.

Само четири од сите 16 летни пневматици добија позитивни оцени ословени со „добри“, додека останатите имаат 11 „задоволително“ и една најслаба оцена „доволно“. На овој тест е нагласено дека се бараат балансирани пневматици, поточно производи кои покажуваат исклучителни резултати во сите области од тестот: управливост на суво, управливост на мокро, ниска бучавост, мала потрошувачка на гориво и ниско ниво на абење. Во случајот на Ultrac Vorti, нагласена е позитивната страна на сува подлога, но без ниту една слабост во другите категории.

За овој тест е нагласено дека резултатите не важат за сите димензии, туку прифатливата разлика е во интервалот од 215/45/17 до 235/45/17 Y. Исто така, во тестот се користени стандардните пневматици, со напомена дека тие не содржат Run-flat опцијата и овие резултати не се применливи во таа категорија.

Комплетните резултати на тестирањето можете да ги најдете на официјалната страна на ADAC.