Врвниот производител на пневматици VREDESTEIN направи нов чекор во насока на популаризација на својот бренд и технологија, правејќи ја истата достапна преку марката APOLLO која од сега ќе биде достапна и во Европа.

Станува збор за длабока поврзаност на двете компании, при што пневматиците на VREDESTEIN ќе бидат инспирација за сите нови модели, па така QUATRAC гумите ќе доведат до свои наследници во понудата на пневматици за сите сезони, SNOWTRAC ќе биде истото во сегментот на зимски гуми, додека SPORTRAC е лидерот меѓу летните гуми. Пневматиците APOLLO ќе се произведуваат во Холандија, во фабриката на VREDESTEIN, при што основна заложба на производителот ќе биде да се пренесат карактеристиките заради кои досега овие гуми победуваа на тестовите ширум Европа: економична потрошувачка, ниско ниво на бучава и одлични возни својства.

Компанијата APOLLO постои од 1972 година и се смета за 17 производител на гуми во светот, со годишен промет од нецели две милијарди долари. Воедно, тие се дел од спонзорите на клубот Манчестер Јунајтед во 2016/2017 година.

Кликнете на долниот банер за да се запознаете со асортиманот на APOLLO во продажната мрежа на Европа гуми.