Летните гуми од серијата Vredestein Sportrac 5 покажаа резултати достојни за почит на споредбените тестови со уште 15 модели на конкурентски производи, избивајќи на чело на листата подготвена од германските експерти.

Германскиот авто мото сојуз ADAC веќе со години наназад важи за независен критериум кој секоја година спроведува тестови на различни делови од автомобилистичката опрема, а ова признание за Vredestein доаѓа откако и на минатогодишните тестови сериите Sportrac 5 и Ultrac Vorti беа рангирани високо, исполнувајќи ги критериумите за одлична управливост како на влажна, така и на сува подлога, демонстрирајќи притоа ниско ниво на бучава и овоможувајќи намалена потрошувачка на гориво, како и ниско ниво на абење.

Во класата на тестирани гуми со димензии 185/65/15 Н беа тестирани вкупно 16 производители на гуми, а само седум од нив добија „плусеви“, што означува дека на пробните возења оставиле позитивен впечаток. Големо внимание се посветува на балансот на пневматиците, односно тие да покажат добри резултати на повеќе полиња, без да покажат слабост кај одреден критериум, или по секој параметар на тестот да имаат минимум задоволителен учинок.

Vredestein Sportrac 5 има најдобар резултат на мокра подлога и ја предводи листата од седум гуми кои заслужија позитивни оцени. При нејзината конструкција холандската компанија соработуваше со италијанското студио на Џорџо Џуџаро, за да се направи дизајн кон го следи мотото на компанијата дека „формата ја следи функционалноста“. Оваа серија се произведува во различни величини, од 14 до 17 инчи.

Комплетните резултати на тестирањето можете да ги најдете на официјалната страна на ADAC.