КОШНИЧКА

MKD  0,00

Вие немате продукти во вашата кошничка.

Вкупно: MKD  0,00

02 272 00 22

Политика на приватност

Политика на приватност

Заштитата и сигурноста на податоците на корисниците на онлајн купување на веб порталот www.evropagumi.com.mkсе една од приоритетните задачи на нашата компанија. ЕВРОПА ГУМИ ДОО посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси. Оваа политика за приватност објаснува кои податоци се собираат од страна на ЕВРОПА ГУМИ ДОО за време на вашата посета на нашите веб страници и како тие се користат. Ова не се однесува на вашата посета на други веб страници, на кои ќе пристапите преку нашата страница.

Собирање и обработка на лични податоци

Заради системска заштита, секогаш кога ќе ги посетите нашите веб страници, нашиот веб сервер привремено го регистрира вашиот домен и IP адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата т.е. посетата на веб страниците. Исто така, во одредени случаи ќе запишеме информации во форма на „Cookies“ на вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на веб страниците според вашите потреби и навики. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на корисникот од страна на веб серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на Европа гуми веб услугата и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена. При вашата посета на веб страниците на ЕВРОПА ГУМИ ДОО нема да вршиме прибирање на лични податоци, освен во случаи кога доброволно ќе ги дадете овие информации, на пример, при електронски нарачки, анкети, наградни игри или барања за информации. Личните податоци кои се собираат за време на вашата посета на веб страницата се обработуваат согласно позитивните прописи на Р. Македонија. Притоа, податоците поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка се испраќаат директно до банката преку шифрирана врска. ЕВРОПА ГУМИ ДОО ниту ги собира ниту има пристап до информациите поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка. Користење и пренос на лични податоци Вашите лични податоци ќе ги користиме само заради техничко администрирање на веб страниците и заради задоволување на вашите потреби и желби. Вашите лични податоци ќе бидат користени за обработка и директен маркетинг само врз основа на ваша изречeна согласнот и само во обем неопходен за секој поединечен случај. Податоците нема да бидат пренесувани на државни органи, освен во случаи утврдени со закон. Сите наши вработени се обврзани да ги чуваат и да се однесуваат со вашите податоци како со информации од доверлива природа. ЕВРОПА ГУМИ ДОО на ваше писмено барање ќе ви овозможи увид во сите ваши лични податоци со кои располага (име, адреса и сл.).

Сигурност

ЕВРОПА ГУМИ ДОО ги презеде сите пропишани технички и организациони мерки за заштита на личните податоци со кои располагаме, заради спречување неовластен пристап и нивна злоупотреба. Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.

Контакт

Доколку сакате вашите податоци да бидат корегирани или избришани, или доколку имате какви било прашања или предлози за заштита на личните податоци, можете да нè контактирате на е-адресата info@evropagumi.com.mk Притоа, вашата е-адреса нема да биде искористена за друга намена.