КОШНИЧКА

MKD  0,00

Вие немате продукти во вашата кошничка.

Вкупно: MKD  0,00

02 272 00 22

 

1. Центрирање трап

Центрирањето на трап претставува усогласување на аглите на тркалата со цел тие да бидат нормални на подлогата (хоризонтала) а истовремено да бидат и меѓусебно паралелни. Целта на ова подесување е зголемувањето на животниот век на гумата , како и подобро држење на правец на автомобилот на рамен пат.  Геометријата на тркалата меѓутоа  може да биде понекогаш  нарушена , што истовремено предизвикува и неправилно движење на тркалата и возилото. Како последица на тоа доаѓа до неправилно трошење на  гумите , како и занесување на возилото во една насока за време на возењето. Ова воедно се и првите симптоми за неисправен трап. За корекција на оваа аномалија потребно е центрирање на предните тркала , а понекогаш и на сите четири , зависно од конкретната ситуација и типот на возилото . Со оглед на состојбата на нашите патишта ( дупки и нерамнини )како и лошите навики на возачите за преминување преко тротоари,  потребно е периодично да се врши преглед на состојбата на трапот, со што се обезбедува сигурно возење и правилно трошење на гумите.

Препорака е оваа проверка да се врши еднаш годишно , на 10.000 км или при замена на старите гуми со нови .

Во нашиот сервис центрирањето се врши на најновиот уред за геометрија на Италијанскиот производител RAVAGLIOLI а цената на оваа услуга може да ја проверите во нашиот .



 

2. Балансирање на тркало

На тркалото како и на сите други тела кои се вртат, дејствува центрифугална сила . Доколку не е избалансирано  се јавува дебаланс кој се манифестира со вибрација на воланот или на целото возило и тоа на брзини поголеми од 70 Км/ч.  Балансирањето претставува постапка со која се врши урамнотежување на сите маси на тркалото. Тоа се прави со додавање на тегови на точно одредено место на фелната и треба да се направи на сите четири тркала , бидејќи дебалансот од задното тркало исто се пренесуво до воланот и возилото. Доколку балансирањето не се направи благовремено , гумите ќе се трошат побрзо и понерамномерно, ќе страдаат лежиштата (лагерите) амортизерите, и другите елементи од подвозјето. Затоа гумите се балансираат при секое вадење и ставање повторно на фелна. Во некои случаи вибрацијата или дрмање на возилото се јавува како последица на крива фелна или гума и тоа најчесто се чувствува на помали брзини и потоа постено се губи .

Во нашиот сервис  може да се балансираат  тркала за сите видови моторни возила со големина на фелна до 22” , како и специфичните ( “слепи’’ ) фелни без средишен отвор , а цената на оваа услуга може да ја проверите во нашиот .


 

3. Промена на сопирачки

Сопирачките претставуваат уред кој служи за успорување или потполно застанување на возилото. Со своето делување произведуваат сила која делува во спротивен правец од правецот на вртење на тркалото. Сопирачките се еден од најважните делови на возилото и при тоа најмногу се мисли на безбедносниот момент, бидејќи тоа е елемент кој не смее да откаже во било кој момент од движењето на возилото. Поради тоа неопходно е истите редовно да се прегледуваат и во даден момент да се изврши нивна замена поради оштетеност или дотраеност. 

 

Најчести делови кои се менуваат се сопирачки диск и диск плочки , а нашиот сервис работи и вградува најквалитетни делови од реномирани производители како  : ATE , BREMBO, WAGNER,  ZIMMERMANN, FERODO , LPR,  и други реномирани производители , за сите видови возила.

За цени на делови за Вашето возило потребно е да ни доставите информација за Вашето возило преку а цените на услуги може да ги проверите во нашиот .

 

 

4. Промена на моторно масло

Моторните масла се од витално значење за долговечноста на механичките делови, првенствено за моторот на возилото.

1. Примарната функција на моторните масла

Примарна функција на маслото е да го олесни лизгањето на една површина со друга, односно да се намали триењето. Со намалување на триењето, се намалува абењето на деловите од моторот и се заштедува енергија.

 

Абењетоa е најизразено при ладниот старт на моторот односно при првото палење, т.е. пред да стигне маслото во виталните делови од моторот. При загревање, моторното масло не треба да стане премногу “ретко”, бидејќи слојот на маслото треба да има доволна дебелина за добро подмачкување.Високо квалитетното моторно масло го намалува абењето на деловите така што спречува контакт помеѓу лизгачките површини.

 

 

2. Што значи вискозитет?


Вискозитет  е научен термин кој опишува отпорност на проток на течност. Течноста со низок вискозитет лесно протекува и често се нарекува „ретка“. Течноста со повисок вискозитет е леплива и тешко се прелива. Маслото има повисок вискозитет од водата, но има помала густина и плива во вода.

Друштвото на автомобилски инженери SAE ги поставува стандардите со кои се опишува вискозитетот на моторните масла. Врз основа на овие стандарди, маслата се класифицираат според степенот на вискозност и тоа директно влијае на апликацијата на моторните масла. Маслата означени со “W” (зима – зимски) се нарекуваат моновискозни масла за зимски услови (на пр SAE 5W, 10W, 15W …). Меѓу другото, според стандардите на моторните масла се утврдуваат својствата при ниски и високи температури, со што се овозможува безбедноста при стартување на моторот, брзото подмачкување и својствата при нивната целосна експлоатација. Моторните масла без “W” (на пример, SAE 10, SAE 20, SAE 30, SAE 40 …) се моновискозни масла за летни услови, со потребните својства за употреба при такви климатски услови.

 

Со комбинирање на карактеристиките на овие два вида на масла (зимски и летни) се добиени мултивискозни масла кои се користат во различни временски услови (на пример, SAE 5W-40, 10W-40, 15W-40 …)

 

 4. Минeрални, синтетички и полу-синтетички моторни масла

 

Основата на моторните масла се базните масла. На базните масла им се додаваат адитиви со цел тие да се усогласат со барањата во поглед на перформансите на маслата (продолжен интервал на замена, квалитетот и еколошките стандарди …).

Значи, моторното масло се состои од базно масло и адитиви. Во зависност од употребата на базните масла во моторните масла, тие се делат на минерални, синтетички и полу-синтетички (мешавина на првите две) моторни масла.

-  Минерални масла
Базните масла во минерални моторните масла потекнуваат главно од нафта, од чија преработка во рафинериите се добива базното масло. Минералното моторно масло се користи со постарите типови на мотори.

-  Синтетички масла
Синтетичките моторни масла во основа имаат базни масла кои се направени на хемиски начин во лабораториите. Ова се се прави бидејќи минералното масло не може да ги задоволи сите барања на моторите од новата генерација. Употребата на синтетичките масла е неопходна кај моторите со современа конструкција, особено кај оние со турбо компресори. За разлика од минералните, овозможуваат подолги периоди на замена, подобра заштита на моторот, трпат поголеми термички оптеретувања, содржат повеќе адитиви за чистење на моторот, ја намалуваат потрошувачката на гориво …

 

-  Полусинтетички масла
Полу-синтетичките моторни масла како базно масло користат мешавина на минерални и синтетички масла. Приближно можеме да кажеме дека се користат во моторите кои имаат катализатор.

 Основното за сите филтри е нивната функција за пречистување. Тие се поделени во неколку групи и тоа:

• филтери за масло
• филтери за воздух
• филтери за гориво
• филтери за хидраулика
• филтери за клима / кабина
• филтери за средство за ладење

 

Доколку сакате да добиете комплетна понуда за редовен сервис , масло, филтри и промена  потребно е да ни доставите информација за Вашето возило преку а цените на и услуги може да ги проверите во нашиот .


 

5. Хотел за гуми

Доколку не располагате со соодветен простор за чување на сезонските пневматици, или не сакате да си создавате обврска да ги транспортирате до сервис секоја сезона , Ви ја нудиме услугата “ ХОТЕЛ ЗА ГУМИ” . Тоа значи, ние ја превземаме одговорноста за вашите пневматици/фелни од моментот кога ќе ги оставите кај нас до моментот на повторно вградување на Вашето возило.

За времето додека се оставени на чување кај нас, пневматиците ќе бидат соодветно складирани , на темно и суво место каде нема присуство на недозволени материи. Врз истите се прави визуелна и физичка проверка на исправноста и тоа еднаш при превземање , и еднаш пред монтирање на истите на возило. Сите гуми се осигурани од кражба или друг вид на оштетување. Цените за оваа услуга се наоѓаат во нашиот .